Од Институтот за трансфузиона медицина известуваат дека на ден 17.06.2021 година планирани се неколку крводарителни акции и тоа: со вработените во ПС Куманово во просториите на Центарот за Култура, со вработените во Руен инокс аутомобиле – Кочани, со граѓаните на Струга и со студентите на Медицинскиот Факултет и Вишите Медицински Школи.