Од Институтот за трансфузиона медицина известуваат дека на ден 28.05.2021 година (петок) планирани се следните крводарителни акции: ПС Гостивар, АД Цементарница УСЈЕ, Скопје, Дирекција за заштита и спасување, Скопје, Медицински факултет, Скопје и во Битола, село Кравари.

Од Општинска организација на Црвен крст Тетово известуваат дека на ден 28.05.2021 година (Петок), со почеток од 10.00ч. до 13.00ч. во просториите на Еуровиа Холдинг во Желино со помош на стручни тимови од Центар за Трансфузиона Медицина Тетово организираат акција на крводарување со вработени од Еуровиа Холдинг.