Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 10.01.2019 год. (четврток) се планирани следните крводарителни акции:
- ПС Петровец – Гранична Контрола Аеродром - Мак Пат, Скопје
- Штип Клиничка Болница (вработени )
- Делчево цк (граѓанство )
Инаку, покрај редовното крводарување во просториите на „Институтот за трансфузиона медицина“, крв може да се дарува и во Дневниот центар за крводарување во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје секој работен ден (од понеделник до петок) во време од 08:00 до 17:00 часот, а во сабота во време од 09:00 до 14:00 часот.