Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 06.12.2018 година планирани се крводарителни акции со вработените во Полициската Станица Битола, со жителите на Делчево, како и во СОУ „Перо Наков“ – Куманово.
Од „Институтот за трансфузиона медицина“ известуваат дека крв може да се дарува и во Дневниот центар за крводарување во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје секој работен ден (од понеделник до петок) во време од 08:00 до 17:00 часот, а во сабота во време од 09:00 до 14:00 часот.