Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека за ден 20.07.2018 година (петок) планирани се неколку крводарителни акции и тоа: со вработените во АРМ – Велес; со граѓаните на општина Ѓорче Петров во просториите на Домот на Културата и со граѓаните на Злетово во просториите на ОУ Кирил и Методиј.