Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија се наведува дека за денес планирани се крводарителни акции со вработените во ПС Валандово, на Филозофскиот и Филолошкиот Факултет во Скопје и во средните училишта „Коста Сусунов“ во Радовиш, „Наум Наумовски Борче“ во Крушево и „Мирко Милевски“ во Кичево.