Од Институтот за трансфузиона медицина на Р. Македонија известуваат дека на ден 11.08.2017 година планирани се крводарителни акции со жителите на Македонски Брод, со вработените во РЕК Битола, ПС Петровец, Гранична контрола и Македонија Пат – Скопје.

Од ОО Црвен Крст Тетово и Службата за трансфузиологија при Клиничката Болница-Тетово известуваат дека на ден 14.08.2017 година ќе има крводарителна акција во Културната организација Унитети и Лекарската организација Етика и тоа во Службата за трансфузиологија при Клиничка Болница – Тетово.