Печати

Во Скопскиот регион, пожарот кој започна вчера на Скопска Црна Гора е под контрола, екипите се на терен и интервенираат на целосно гаснење на пожарот.

Во Македонски Брод, има четири активни шумски пожари и тоа во атарите на селата Крушје, Локвица, Грешница и Долно Ботушје. На терен се испратени екипи од ШС Сандански – Македонски Брод.

Во Битолско, пожарот кај м.в.Висока глава, с.Метимир, кој започна вчера, сеуште е активен, а со истиот гори сува трева во стара сеча. Од утрово на терен интервенираат вработени во ШС Кајмакчалан – Битола.

Во Охридскиот регион пожарите во атарите на селата Поум и Луково (општина Струга) се локализирани.

Центарот за управување со кризи упатува апел до граѓаните да внимаваат при посети на отворени места или при работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума. Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган на отворен простор на необезбедени места, меѓи и други површини, да не се фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење отпад и друг запалив материјал и да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор.

Истовремено, ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи.

Исто така, потенцираме дека државниот инспекторат за земјоделство и државниот инспекторат за шумарство и ловство вршат постојани контроли на терен со цел превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа. Лицата кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор, или пак поради невнимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции. За намерно предизвикување на пожари, претстојат кривични пријави и предвидени парични и затворски казни.

Посети: 504