Печати

Тетовски регион

На ден 03.08.2015 година, подрачјето на општина Тетово беше зафатено од силно невреме, проследено со силни врнежи од дожд, при што се причинети огромни штети, поплавени се куќи, има човечки жртви, како и повредени лица. Веднаш биле активирани сите расположиви капацитети за расчистување на последиците од невремето.

Вчера 2 багери од ЕЛС Боговиње биле ангажирани во чистење напатниот правец кој го поврзува с.Камењане со автопатот Тетово - Гостивар. По 3 часа истиот е пробиен. Моментално на терен работи еден багер кој ги расчистува нанесените материјали од каналите.

 Со 2 багери кои работеле цела вечер, во 04:00 часот е пробиен горниот пат во с.Доброште. Во 05:00 часот е пробиен и патот Тетово - Јажинце и повторно е воспоставен сообраќајот на тој патен правец. Сообраќајот се одвива отежнато бидејќи сеуште има остатоци од земја. Цела вечер активно се работело во нормализирање на условите. Во расчистување на последиците од невремето учествувало и месното население, а цело време присутен бил и Градоначалникот. Моментално се интервенира со еден багер за дорасчистување на наносите од земја. Во с.Доброште поплавени се и помал број на куќи, а во селото исто така нема вода.

 Во опш.Желино проблеми има само во атарот на с.Требош каде е излеана Поројска река и го има пресечено патот што води кон Тетово. Од општината се излезени на терен и вршат увид на новонастанатата состојба.

Од ЗЗЗ Тетово добиено е известување дека водата за пиење од земените мостри, хемиски и технички е исправна за пиење додека бактериолошки ќе се знае по изминати 24 часа. Претставници од ЗЗЗ Тетово во текот на денот ќе извршат испитување во повеќе делови од градот.

Сеуште се чисти патниот правец Тетово - Јажинце во делот на с.Порој, но достапен за сообраќај е алтернативниот пат кој поминува низ с.Порој. Во с.Речица на терен се присутни претставници од сите субјекти а во санацијата е вклучено и месното население.

Од МВР Тетово известуваат дека во текот на вчерашниот ден загинале 4 лица, а за исчезнато се води 1 лице од с.Лисец.

 

Прилепски регион

Во опш.Прилеп забележано е невреме со силен дожд, на одделни место со град проследен со силен ветар. Според добиените информации од УХМР наврнати се 33л/м2, и ветар од 50 км/ч. Според надлежните од УХМР количината на дожд на некои делови надминувала 40 л/м2.

Од невремето настанало оштетување на ел. мрежата, излевање на водата од канализационата мрежа а на одредени места излеана била и Градска река, поради градежните работи на прочистителната станица.

Пријавени се вкупно 52 оштетувањња на објекти (навлегување на вода во подрумски простории, оштетени кровни конструкции и канализациона мрежа. Во невремето навлезена е вода во подрумските простории на Општинскиот суд и во Старечкиот дом каде е оштетена кровната конструкција. Активиран е и Општински штаб на Општина Прилеп и за остранување на последиците на невременото на терен се ангажирани екипи на ЈП Комуналец Прилеп, ТППЕ Прилеп, ЈП Водовод, ДЗС ОО Прилеп. ЕВН Кец Прилеп има ангажирано екипи за отстранување на дефекти во електро мрежата. Во овој момент без електрично напојување се населените места во ЕЛС Долнени: Житоше, Борини и Лажани, во ЕЛС Прилеп без електрично напојување срлата: се Веселчани и Загорани.

Посети: 1794