Печати

Раководителот на Регионалниот штаб за управување со кризи – Прилеп  и Овластеното лице од Директорот на ДЗС  на регионалниот штаб за заштита и спасување – Прилеп во координација со општините Прилеп , Долнени и Кривогаштани  одржаа редовен превентивен работен координативен состанок со штабовите  и преставници од субјекти од системот за управување со кризи и за заштита и спасување надлежни  за преземање на мерки и активности во случај на зголемена опасност како и во кризна состојба

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  а) заразни болести кај луѓето и животните.

 б)поплави предизвикани од поројни дождови проследени со луњи, снег и снежни наноси,екстремно ниски  температури – ладни бранови,  и др.опасности).

 

Состојба на припременост на надлежните субјекти и начин на нивно функционирае во евентуална опасност од сите погоре споменати ризици и опасности со посебен осврт на зимското одржување на патиштата.

 

Тек на состанокот:

            Во присуство на градоначалникот на општина Прилеп г-дин Борче Јовчески и сите други субјекти од СУК, а во координација со овластеното лице од Директорот на ДЗС, состанокот го отвори и со него раководеше раководителот на РЦУК – Прилеп и на  РШ Илко Петкоски.

            На почетокот од состанокот градоначалникот на општина Прилеп г-дин Борче Јовчески ги поздрави сите присутни и кажа дека е добро што состанокот е закажан рано и добро е што се присутни сите субјекти за навремено координирање за сите ризици и опасност што не очекуваат во наредниот период.

 

  1. По првата точка од дневниот ред се донесе заклучок дека ковидот е опасност која одзеде доста човечки животи, а исто така дека имаше поплава во Општина Долнени за што е изготвен елаборат од општината, оштетени биле 65 објекти и др.инфраструктура.Според командирот ТППЕ Прилеп е утврдено дека штети од пожари на отворен простор нема многу но има штети од пожари на објекти.
  2. По втората и третата точка од дневниот ред се водеше дискусија за сите можни ризици и опасности кои во наредниот зимски период се очекуваат на територијата која е во зоната на одговорност на ПО РЦУК - Прилеп и припременоста на надлежните субјекти и начинот на нивно дејствување во дадени ситуации при што  се донесе едногласна проценка од сите присутни дека можни ризици и опасности во наредниот период се: поројни дождови и излевање на водите од колекторскиот систем, ладен бран со екстремно ниски температури кој може да биде проследен со снежни врнежи и силен ветер, пожарите на објекти, здравствени ризици но не е исклучена можноста од пожарите како на отворен простор поради сувата вегетација , а исто така како опасност констатирано е дека е оштетувањето на инафраструктирата – патишта и мостови.

Заклучок

Проблемите во Водостопанство на нивио на држава се во надлежност на МЗШВ и Владата.

Се укажува наинспекторатот за Земјоделие во координација со ПС Прилеп и локалнитесамоуправи, да врши редовна контрола на насипите покрај реките и одводните канали кој можат да бидат оштетени од нелегална експлоатација на песок и други активности

 

Заклучок

Се укажува на ЕЛС Прилеп , Долнени ,  Кривогаштани   да ги утврдат кои се критичните точки од поројни дождови  во наредниот период, како и на обврските кои ги имаат од Законот за водите (“Службен весникна Република Македонија”број 87/2008,6/2009, 161/2009, 83/10, 51/11 и 44/12 ,каде детално се објаснети  повеќе надлежности за нив како надлежни субјекти , а посебно  ги напомениме  обврските од Глава 2 ЗАШТИТА И ОДБРАНА ОД ПОПЛАВИ  член 126 точка 8, задолжение да изготват оперативни планови за заштита и одбрана од поплави и истите да ги достават до ДЗС и ЦУК  која обврска ја немаат завршено општините.

Заради превентивно делување се препорачува сите ЕЛС преку своите служби да извршат увид на каналите и речните корита во урбаните средини и населените места и да превземат мерки за одстранување на сите препреки (смет, талог, и др.) кои го попречуваат движењето на водата во случај на поројни дождови односно да обезбедат добра водопропусливост.

Се задолжуваат сите субјекти да достават список за сите ресурси( човечки и материјални) со кои располагаат а кои ќе се користат во случај на опасност од поплави.

Се укажува на Општините дека е препорачливо да објават тендери за употреба на градежна механизација во случај на поголеми опасности од поплави на истиот начин како што објавуваат тендери за зимско одржување на патишта.

а) Да ја утврди носивоста на Расимбегов мост на Црна Река на регионалниот пат Прилеп – Витолиште кој е доста оштетен од преголемата тежина на камионите и градежната механизација кои поминуваат преку истиот а се во сопственост рудниците кои се лоцирани во Мариово.

б)да предвиди во  програмата за зимско одржување на регионалните патишта во зона на одговорност на РЦУК Прилеп која до овој момен не е донесена при  поголема механизација спрема претходните години ,  и да се набави специјализирано возило со погон на 4 тркала марка УНИ МАК, за чистење на снег, а Македонија да ја согледа состојбата со човечките ресурси (Возраст и бројност) во  пат подружница Прилеп.

Образложение

Оопштина Прилеп е најголема општина по територија, а ЈП Македонија пат подружница Прилеп ги има и општините Долнени и Кривогаштани, а со предвидената механизација во програмите од претходните години нема да биде во можност да ги исчисте предвидените магистрални и регионални патишта поради нивната специфичност (стрмнини, тесни мостови и др. ), локалнитепатишта со исти карактеристики не се во можност да ги исчистат и локалните самоуправи.

Посети: 385