Печати

Раководителот на РЦУК – Прилеп и на Регионалниот штаб за управување со кризи – Прилеп Илко Петкоски со своите соработници, а во кординација со градоначалникот на Општина Прилеп Г-дин Борче Јовчески, на Општина Кривогаштани Никола Мискоски и на Општина Долнени Урим Ибески, одржа редовен работен координативен состанок со штабот и претставници на сите субјекти од системот за управување со кризи, (Директори и Раководители на подрачни единици) командири на ПС Прилеп, Гранична полиција, Шумска полиција, ТППЕ,  надлежни  за превземање мерки и активности  за превенција и рано предупредување  во случај на кризна состојба.

            За состанокот беше предложен следниот дневен ред:

Запознавање на присутните со заклучоците донесени од страна на Управувачки комитетет на седницата одржана на 31.03.2022 год.

Разгледување – проценување на евентуални ризици и опасности кои би можеле да настанат во наредниот период, а коиможат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните кои би биле предизвикани од елементарни и други непогоди со посебен акцент на (пожарите на отворен простор , поројни дождови) како и техничко - технолошки катастрофи, епидемии на карантински и други заболувања кај луѓето и животните и деградација од поголем обем и уништување на животната средина.

Состојба на припременост на надлежните субјекти и начин на нивно функционирање во евентуална опасност од сите погоре споменати ризици и опасности, со посебно внимание на плановите за заштита и спасување.

            Состанокот го отвори и со него раководеше раководителот на РЦУК – Прилеп и на РШ Илко Петкоски.

Преставникот на ДЗС ги прочита сите законски обврски на сите субјекти  од СУК за заштита и спасување и истите ги образложи.

Во општините Прилеп , Долнени и Кривогаштани во тек е постапката на ажурирање на оперативните планови за заштита и спасување и пополнување на единиците со човечки ресурси.

 

Заклучоци

Посети: 392