Печати

На ден 18.3.2019 година (Понеделник ) со почеток во 13.00 часот. се одржа редовен работен координативен состанок на Регионалниот штаб за управување со кризи –Прилеп во просториите на Регионалниот центар за управување со кризи – Прилеп, со  претставници на субјектите  од системот за управување со кризи во зона на одговорност на ПО РЦУК Прилеп.          

            За состанокот беше предложен и усвоен следниот дневен ред:

            Состанокот го отвори и со него раководеше раководителот на РЦУК – Прилеп и на РШ Илко Петкоски, а по сите точки од дневниот ред имаше дискусии од присутните членови на штабот и претставници од субјектите на СУК .        

Заклучок:   Мерките и препораките на Управувачкиот комитет за сите субјекти од ситемот за управување со кризи на локлно ниво да ги спроведуваат доследно и за тоа да доставуваат информација до ПО РЦУК Прилеп.

Препорака: Се препорачува на ЕЛС Прилеп, Долнени и Кривогаштани да ги свикаат Локалните совети за превенција , а исто така да ги ажуриираат плановите за заштита и спасување и да ги потполнат и обучат единиците предвидени со истите и  да  достават информација до ПО РЦУК Прилеп со кои ресурси располагаат.

Посети: 792