Печати

Нa 22 ноември 2018 година, Регионалниот штаб за управување со кризи – Прилеп, одржа редовен работен координативен состанок со штабот и претставници на субјекти од системот за управување со кризи, надлежни  за превземање мерки и активности  за превенција и рано предупредување  во случај на кризна состојба.          

            Состанокот го отвори и со него раководеше раководителот на РЦУК – Прилеп и на РШ Илко Петкоски, а по сите точки од дневниот ред имаше дискусии од присутните членови на штабот и претставници од субјектите на СУК .        

  1.  Преставникот  на ЈП Македонија пат подружница Прилеп  извести дека во случај на снежни врнежи одржувањето на Регионалните патишта во зона на одговорност на РЦУК Прилеп ќе биде отежнато и ненавремено поготово на патните правци : Прилеп – Тополчани магистрален пат; Прилеп Тополчани стар пат регионален; Прилеп – Ропотово – Црнилиште – Стровја; Прилеп – Ропотово -Лажани – Житоше – Кривогаштани – Бучин; Прилеп – Кривогаштани: Прилеп – Лагово – Обршани, Прилеп – Витолиште; Прилеп – Езеро, и Прилеп – Манастир Трескавец или вкупно 255 км.
  2. Општина Прилеп има донесено Програма за зимско одржување на локалните патишта , потпишан договор за реализација на истата и денеска се доставени до РЦУК Прилеп.

Припремени екипи од ЈП водовод и канализација Прилеп, и ТППЕ-ПРИЛЕП во случај на полавување.

  1. Општина Кривогаштани има програма во постапка е потпишување на договор со изведувач  до тој момент работите ги врши ЈП Пелагонија.

Припремени екипа  ТППЕ-Кривогаштани  во случај на полавување и формирана уневерзална единица.

По подолготрајна дискусија од сите преставници на субјектите донесени се следните:

 

Заклучоци

Посети: 445