Печати

На 27.09.2016 година, се одржа 37 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи - Кичево. Покрај членовите на Регионалниот штаб  на седницата присуствуваа и претставници од ТППЕ Кичево, МЗШВ ПЕ Кичево и ЈП Комуналец Кичево.

Во првиот дел од  седницата приоритет се стави на пожарите, при што раководителот на Регионалниот штаб, Сузана Тасевска ги запозна присутните со случените пожари во 2017 година.  Направената анализа на пожарите покажа дека е зголемено учеството на месното население во гасењето, а од друга страна обезбеди поуки за институциите кои ќе послужат во иднина.

Во вториот дел од седницата се расправаше за превентивно делување, раното предупредување и спречување на појавата на поплави, лизгање на земјиште и поголеми одрони на земја.  Раководителот на Регионалниот штаб истакна дека потребно е да се утврди подготвеноста на општината и другите надлежни институции за справување со овој вид на ризик.

Како резултат на дискусиите се донесоа заклучоци дека  општината Кичево ги има превземено сите потребни мерки за спречување на поплавување, но неопходно е да се следи состојбата со водостојот на реките од сите надлежни институции и навремено да се известува за евентуаланите можности од поплавување.

Посети: 1406