Пожарот под планинскиот превој Плетвар, сеуште е активен на двете страни од патот Прилеп – Градско. Гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Интервенираат пожарникари од Прилеп, вработени од ШС „Црн Бор“ и од ДЗС Прилеп.
Активен пожар има кај с. Долгаец и на истиот интервенираат вработени од ШС „Црн Бор“ од Прилеп и лица од Ловечкото друштво „Црнилишта“.
Во општина Битола, активен е пожарот во месноста Кравица на планината Ниџе. Гори борова шума во тешко пристапен терен. Известени се ШС „Кајмакчалан“ , опш. Новаци и ДЗС Битола.
Пожарот во атарот на с. Фурка, со правец на ширење кон Дојран сеуште е активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста мешана шума од прнар, смреки и габер на тешкопристапен терен. Интервенираат вработени од ШС „Кожув“ – Гевгелија.
Пожарот во Националниот парк Пелистер во месноста Извори, на реката Шемница над с. Маловишта е локализиран, зафатена е сува трева и нискостеблести растенија. На пожарот интервенирале вработени од Националниот Парк „Пелистер“, пожарникари од Битола, лица од ДЗС Битола како и 2 воздухоплови од ДЗС.
Во опш. Крива Паланка пожарот во атарот на с. Баштево е локализиран. Опожарена е површина со нискостеблеста борова и мешана шума, Интервенирале пожарникари од Крива Паланка и вработени од ШС „Осогово“ и од ДЗС Крива Паланка.