Од ЕВН Македонија добиена е информација во која се наведува дека на ден 17.06.2021 година без електрична енергија ќе останат:

  • од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с.Злетово (реонот околу црквата и горно  маало) (општина Пробиштип);
  • од 08:15 до 15:00 часот, корисниците од селата Љубинци, Радибуш, Ранковце, Криви Камен, Бабунци, Опила и Ранковци (општина Кратово);
  • од 10:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од с.Шишево (општина Сарај - Скопје);
  • од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од селата Конче и Лубница (општина Струмица);
  • од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците дел од Иван Цанкар, Корушка и Драгутин Аврамовски Гуте (општина Ѓорче Петров - Скопје);
  • од 09:05 до 16:00 часот, корисниците од селата Златари и Сопотско, предавател на Сител над с.Сопотски и Компостара (општина Охрид);
  • од 05:45 до 08:30 часот, корисниците од дел од ул.Ванчо Прќе, Тутунска банка, ТТК банка и околните дуќани и станови (општина Штип);
  • од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Џунајска (општина Ѓорче Петров - Скопје);
  • од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Саса бр.32 и 18 (општина Аеродром - Скопје);
  • од 10:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул.Железничка во делот од КП Нискоградба до вила Класик (општина Охрид);
  • од 08:45 до 14:00 часот, корисниците од с.Чифлик, нас.Голак, репетитори на МВР, МРТВ на Голак и објект на министерство за одбрана на Голак (општина Делечво);
  • од 09:30 до 14:00 часот, корисниците од ул.Илинденска - кај Кјуби (општина Гостивар).