Од ЕВН Македонија известуваат дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа на ден 09.12.2020 година, без напојување со електрична енергија ќе останат следните корисници:
- од 10:45 до 14:45 часот, корисниците од улиците Прохор Пчињски, дел од Јордан Џурнов, Стеван Богоев, Јовче Тикваров, дел од Славко Давчев, Коле Цветков и Благој Кирков (опш.Велес);
- од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од с.Голема Речица кој се напојува од ТС Голема Речица 3 (опш.Тетово);
- од од 09:30 до 11:30 часот, корисниците од селата Тимјаник, Долни Дисан, Горни Дисан, Вешје и Барово (опш.Кавадарци);
- од 08:00 до 09:00 часот, корисниците од улиците Тонко Димков и Прозорска (опш.Куманово);
- од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците Војо Карастојанов , Браќа Филиповиќ и дел од Тоде Мендол (опш.Куманово);
- од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од селата Чанаклија, Петралинци, Старо Балдовци, Хамзали, винарија Далвина и оранжерии Хамзали, Дрвош, манастир Хамзали, репетитори и рудник Огражден, кампус на универзитет “Гоце Делчев“ Струмица, Гечерлија, индустриска зона на влез во Дабиле и Сарај (опш.Струмица);
- од 08:00 до 12:00 часот, корисниците од ул.Бајрам Шабани (опш.Куманово);
- од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од селата Црнилиште, Долнени, Лажани и Десово како и ул.Орде Чопела и индустриски дел од Прилеп (опш.Прилеп);
- од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од селата Трново, М.Крсти, Симница, Србиново, Мало Турчане, Беловиште, Лакавица, Куново, Горна и Долна Ѓоновица, Падалиште, Страјане, Ж.Река, дел од Балиндол како и нас.Карагач (опш.Гостивар);
- од 08:00 до 11:00 часот, корисниците од с.Конопница и м.в.Јоскова Бавча (опш.Кратово);
- од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул.Јане Сандански (делот кај домот на културата) и ул.Борис Кидриќ (од поштата до југохромската зграда) (опш.Тетово);
- од 09:40 до 15:30 часот, корисниците од с.Сопотско (опш.Охрид);
- од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул.Дамаска, дел од ул.Букурешка (во близина на школо „Јан Коменски“ и школо „Јахја Кемал“), школо „Јан Коменски“ и школо „Јахја Кемал“ (опш.Карпош - Скопје);
- од 11:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул.Ленинова (опш.Ресен);
- од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с.Долно Количани (опш.Студеничани - Скопје);
- од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од с.Мралино - околу бензинската пумпа на влез во Кадино (на влез од автопатот), во близина на ТС Кадино 6 и ТС Здравко (приватна ТС), на влез во Кадино од автопат (опш.Илинден - Скопје);
- од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од фирми Флутингмак, Флорес, Кокош и Гринсолар, планина Плачковица викендици Козбунар, Еренџе, Илинден, Шумска Куќа, хотел Бел Камен, с.Смиљанци, с.Шипковица, с.Штурово, млекара Ѓорѓиеви, фирма Металпромет и потрошувачи во област Бела црква (опш.Радовиш);
- од 09:25 до 15:30 часот, корисниците од караула Мазрача и селата Селце Кеч, Пирок, Ново Село - Шар, Урвич, Раковец, Јеловјане и Боговиње како и краток прекин во селата Боговиње, Раковец и Пирок (опш.Тетово);
- од 09:00 до 12:30 часот, корисниците од улиците Кеј 9-ти Септември, Климент Охридски, Никола Вапцаров и Спасе Темелкоски (опш.Прилеп);