ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа на ден 22.11.2018 година, без напојување со електрична енергија ќе останат:
- Од 09:30 до 14:30 часот, краткокраен прекин за корисниците од индустриските објекти накај Сушица, Империјал, АН Арџент, нас.Грудајца, нас.Фазанерија (над ф-ка Циглана) (опш.Гостивар);
- Од 09:15 до 15:00 часот, корисниците од западниот дел на с.Јосифово кој се напојува од ТС.Фарма стара, ТС.Фарма нова и ТС.Звезда (опш.Гевгелија);
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.4, 6 и 7 во с.Батинци (опш.Студеничани - Скопје);
- Од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата Подлес, Чичево, Градско и Крушевица (опш.Градско);
- Од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од с.Ново Село позади кафеана Мазгал и кон репетитори (опш.Ново Село);
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с.Орашје (на излез од селото кон регионален пат Тетово - с.Јажинце) (опш.Тетово);
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од месна индустрија Ука комерц, Кланица Вилан и дел од с.Љубин (опш.Сарај - Скопје);
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од патот од с.Долно Лисиче до с.Горно Лисиче (опш.Аеродром - Скопје);
- Од 10:05 до 15:00 часот, корисниците од с.Селце и предавател на ОНЕ-ВИП во с.Селце (опш.Тетово);
- Од 09:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од с.Рашче (опш.Сарај - Скопје);
- Од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од населено место без уличен систем, 11-ти Октомври и дел од зградите кај ОУ „Кире Гаврилоски“ (опш.Прилеп);
- Од 08:30 до 19:00 часот, корисниците од дел од с.Голема Речица - од гробишта до Калник (опш.Тетово);
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од кафана „ЛЕЗЕТ“, ул.Страшо Пинџур бр.4, 6, 8, 10, и 12 и бул.Кузман Јосифовски Питу бр.4, 6 и 8 (опш.Центар - Скопје);
- Од 09:45 до 15:00 часот, корисниците од селата Бистрица, Нежилово, Богомила, Гулевска Населба и Папрадиште (опш.Чашка);
- Од 10:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с.Трстеник (опш.Штип);
- Од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул.Питу Гули, дел од ул.Димитар Пандилов објектите со куќен број 1, 2, 3, 3А, 4, 4А, 5, 7 и 9, полската Амбасада на ул.Питу Гули бр.1 и некои околни објекти на ул.Питу Гули (опш.Центар - Скопје);
- Од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од с.Горни и Долни Добреноец, Добреноец Репетитор, с.Јаорец и НПП Добреноец (опш.Кичево).
Од ЕВН Македонија известуваат дека заради дефект на мрежата без електрична енергија се селата Кременица, Меџитлија, Горно Орехово, Добромири, Орле, Рапеш, Породин, Велушина, Лажец, Граешница и Кишава. Екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектите и нормализирње на снабдувањето со електрична енергија во наведените места.