ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа на ден 20.11.2018 година, без напојување со електрична енергија ќе останат:
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улиците Елисие Поповски Марко и Козара, градинката „13ти Ноември“ и Детскиот дом „11ти Октомври“, од ул.Страшо Пинџур бр.4, 6, 8, 10 и 12, бул.Кузман Јосифовски Питу бр.4, 6 и 8, кафеана „Лезет“, перална „М“, кафеана „Кај Злате“ и хотел АМИГО (опш.Центар – Скопје);
- Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од ул.Кресна – непарни броеви од 9А до 19А и од ул.Илија Димовски Гоче – бр.11Б и 13А/Б (опш.Аеродром – Скопје);
- Од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од улиците Пролетерска, Корушка и Франце Прешерн (опш.Карпош – Скопје);
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с.Волково – подулица 102 и од улиците 35 и 37 со околните стопански и нестопански објекти; Од 11:00 до 12:30 часот, корисниците од поголем дел од с.Волково – кај игралиштето, амбулантата и сред село (опш.Ѓорче Петров – Скопје);
- Од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од улиците 4, 6 и 7 во с.Батинци (опш.Студеничани – Скопје);
- Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с.Шемшево – од школо према с.Жилче и ресторан Тиволи; Од 10:00 до 12:00 часот, дел од викенд населбата Попова Шапка (опш.Тетово);
- Од 10:00 до 12:00 часот, Мотел и Водовод „Драгоев“ во с.Долани; Од 12:00 до 14:00 часот, Асфалтна база, Слон, ТиМ и Ленида во с.Долани (опш.Штип);
- Од 09:30 до 15:00 часот, корисниците од ул.13та Македонска Бригада и населбата Драчевиќ; Од 10:00 до 14:30 часот, корисниците од с.Лешки (опш.Кочани);
- Од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од селата Луково, Модрич, Дренок, Нерези, Пискупштина, Безево и Јабланица, погон Проминг, Мадако во с.Нерези и Брана Глобочица (опш.Струга);
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од селата Вирово, Боишта и Мренога со околните стопански и нестопански објекти (опш.Битола);
- Од 06:00 до 08:00 часот, корисниците од селата Стиник, Барбарево, Ново Село, Самоилово, Ново Коњарево, Бајково, Старо Коњарево, Смолари, Дражево, Зубово, Мокриево, Мокрино, Борисово, Колешино, Габрово, Босилово, Моноспитово, Турново, Радово, Бориево, Секирник, Штука, Иловица и Сушица, Граничниот премин Ново Село и ЗИК Краварник Сушица (опш.Струмица);
- Од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од ул.Кукушка (опш.Гевгелија).
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради дефект на електро мрежата, без напојување со електрична енергија се корисниците од дел од централното градско подрачје во Битола, како и корисниците од селата Добромири, Будаково, Далбеговци, Агларци, Алинци, Мусинци, Могила, Сливница, Скочивир, Бач, Геријан, Породин, Велушина, Лажец, Граешница, Кишава, Долно Оризари, Трн, Карамани, Дихово, Брусник, Ѓавато, Српци, Доленци, Рамна, Братиндол и Цапари.
Во општина Демир Хисар, поради дефект, без напојување со електрична енергија се корисниците од селата Растојца, Кочиште и Смилево.
Во општина Крушево, без напојување со електрична енергија од 21:00 часот на ден 18.11.2018 година се корисниците од селата Пуста Река, Долно и Горно Дивјаци и Арилево.