ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа на ден 25.04.2018 година, без електрична енергија ќе останат:
- Од 08:30 до 10:30 часот, корисниците од дел од Стајковци – реон после ОЛИ-Шпед (опш.Гази Баба – Скопје);
- Од 08:00 до 15:30 часот, корисниците од Викенд населбата Веле поле, селата Радуша, Дворце, Орашје, Долно и Горно Свиларе, Кондово, Кучково, Грачани, Рашче, Копаница и Бојане и Караулата Чашка (опш.Сарај и Ѓорче Петров – Скопје);
- Од 12:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од викенд населбата Суви Лаки (опш.Берово);
- Од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од Маврови Анови – област над општината (опш.Гостивар);
- Од 10:00 до 14:00 часот, Фирмата Кланица и Ладилник во с.Новоселани (опш.Прилеп);
- Од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од влез на Виница – м.в.Горица (опш.Виница);
- Од 09:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од населбата Басарица и од селата Полето, Црквенец, Бигла, Драмче, Илиово, Турија, Очипала, Киселица и Селник (опш.Делчево);
- Од 10:00 до 14:30 часот, корисниците од ул.Орце Николов (опш.Свети Николе);
- Од 09:00 до 13:00 часот, Угостителско – деловни објекти помеѓу селата Лешок и Слатино; Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Љуботенска – кај Арабати Теќе и дел од ул.Гостварска – од ЈКП кон Арабати Теќе, Објектите кои се наоѓаат на крстосницата помеѓу ул.Илинденска – спроти Комерцијална банка и ул.167 (опш.Тетово);
- Од 07:00 до 08:00 часот, корисниците од селата Долно Татеши и Делогожда (опш.Струга);
- Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с.Старо Нагоричане (опш.Куманово);
- Од 09:45 до 12:00 часот, корисниците од селата Дурачка Реча, Бела Вода, Дренак, Станци, Б'с и Калин Камен, МХЕ Калин Камен 1, МХЕ Станечка Река 1 (опш.Крива Паланка);
- Од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата Руљак и Припечани (опш.Штип);
- Од 08:30 до 13:00 часот, Филтер станицата во Струмица; Од 09:00 до 16:00 часот, Рудникот Огражден и предавателите на ОНЕ-ВИП, Македонски Телеком и МВР Огражден (опш.Струмица);
- Од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.Димче Лахчански и ОУ „Климент Охридски“ со околните стопански и нестопански објекти (опш.Битола).