ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа на ден 20.04.2018 година, без електрична енергија ќе останат:
- Од 10:00 до 11:00 часот, корисниците од ул.Ѓорѓи Капчев бр.35 и дел од истата улица (опш.Аеродром – Скопје);
- Од 05:30 до 11:30 часот, корисниците од селата Радуша, Дворце, Орашје, Долно и Горно Свиларе, Кондово, Бојане, Рашче, Копаница, Кучково, Грачани, викенд населба Веле Поле и Караула Чашка (опш.Сарај – Скопје);
- Од 10:00 до 14:30 часот, корисниците од ул.Орце Николов во Свето Митрани и од с.Калаузлија (опш.Штип);
- Од 08:55 до 09:30 часот и од 15:00 до 15:30 часот, краткотрајни прекини за корисниците од ул.Вонвардарска – кај Муневере, поранешно Радио Тетово и с.Брвеница и пат за с.Брвеница; Од 08:55 до 15:30 часот, корисниците од с.Долно Седларце; Од 10:00 до 13:30 часот, корисниците од улиците Јордан Златаноски и Михајло Рајчевиќ и дел од ул.Љубо Божиноски Пиш – кај ОУ „Братство“; Од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците 103, 105, Боро Вулиќ, Браќа Миладинови, В.С.Бато, А.Стојановски, Охридска и Илинденска – до раскрсницата со ул.К.Р.Дрнц и објектите околу Пожарна (опш.Тетово);
- Од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул.Јане Сандански – згради наспроти железара „Мравка“; Од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од с.Орман; Од 11:00 до 11:30 часот и од 16:00 до 16:30 часот, корисниците од селата Издеглавје, Оздолени, Сошани, Слатино и Слатински Чифлик и МХЕ Слатино (опш.Охрид);
- Од 10:05 до 12:05 часот, корисниците од дел од с.Зајас – нас.Железничка станица и околината и Уковско маало (опш.Кичево);
- Од 09:15 до 14:30 часот, корисниците од селата Двориште, Бела Вода, Ратево, Русиново и Владимирово и викенд населбите Суви лаки и Сливница (опш.Берово);
- Од 07:00 до 08:00 часот, корисниците од селата Дрслајца, Мороишта, Ложани, Ливада, Биџево, Ново Село, Корошишта и Џепин, фабрика ИНГ Лули во Ливада, бензиска пумпа во Дрслајца; Од 10:00 до 17:00 часот, корисниците од селата Луково, Нерези, Безево, Пискупштина и Јабланица, фабрика за текстил Единство во с.Нерези, рудник за јаглен Пискупштина и рибниците во овие села (опш.Струга);
- Од 09:30 до 15:00 часот, корисниците од селата Дрен, Царевиќ и Смолани; Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од селата Градешница, Зовиќ, Старавина и Будимирци (опш.Прилеп);
- Од 09:50 до 13:00 часот, корисниците од Валандово – од пазарот до Мечкин даб, пекарата и Фарма Агрипро Горна (опш.Валандово);
- Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од Тромеѓа и дел од Младо Нагоричане (опш.Куманово);
- Од 09:00 до 16:00 часот, Рудникот Огражден и предавателите на ОНЕ-ВИП, Македонски Телеком и МВР Огражден (опш.Струмица);
- Од 08:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од селата Старо и Младо Нагоричане (опш.Куманово);
- Од 10:00 до 16:00 часот, корисниците од с.Кукуречани со околните стопански и нестопански објекти (опш.Битола).