Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 10.01.2019 год. (четврток)  се планирани  следните крводарителни акции:

  • ПС Петровец – Гранична Контрола Аеродром - Мак Пат, Скопје
  • Штип  Клиничка Болница (вработени )
  • Делчево цк (граѓанство )

Инаку, покрај редовното крводарување во просториите на „Институтот за трансфузиона медицина“,  крв може да се дарува и во Дневниот центар за крводарување  во  Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје секој работен ден (од понеделник до петок) во време од 08:00 до 17:00 часот, а во сабота во време од 09:00 до 14:00 часот.