Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека за денес планирани се три крводарителни акции:

- во време од 09:00 до 17:00 часот во просториите на Домот на АРМ во Скопје, со припадниците на АРМ од касарните: Петровец, Гоце Делчев, Илинден , Аеродром и Генералштаб.

- во време од 09:00 до 15:00 часот со жителите на Пробиштип во просториите на Црвен крст Пробиштип.

- во време од 09:00 до 14:00 часот со жителите на Босилово во просториите на Домот за млади во Босилово.