ЕВН Македонија известува дека поради планирани технички зафати на електромрежата на ден 11.06.2019 година, без напојување со електрична енергија ќе останат:
- Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците Александар Турунџев и Бутел (опш.Бутел – Скопје);
- Од 08:30 до 16:30 часот, корисниците од селата Добри Дол и Ракотинци, дел од с.Горно Соње, Воените Објекти над опш.Сопиште, населбата Коштан и другите во околината (опш.Сопиште – Скопје);
- Од 06:00 до 07:00 часот, корисниците од населба Железничка, селата Судиќ, Сушево, Врсаково, Сарчиево, Криви Дол и Три Чешми, Индустриска зона Север, бази на Ежово, Ларчер, бетон Магацин, Винарска визба, Туртел инкубатор, Семак Фешн, Ти Стајл конфекција и останати индустриски објекти во зоната, бази на Геотехника, Синохидро и Ескаватори на Ежово; Од 10:00 до 11:00 часот, ДА бензинска пумпа, бетонски бази пред Караорман и останати, пумпи на Исар во кругот на АРМ, Ангел Велинов, База Базалт Коинг, База Пелагонија, Лаве, Дрводекор кај с.Караорман (опш.Штип);
- Од 10:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од с.Орман, Алтанин мост и објектите од Вила Марта кон Св.Стефан над магистралниот пат (опш.Охрид);
- Од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од улиците Методија Митевски Брицо, и Дебарска, дел од улиците Младинска – делот околу претходно наведените улици и од ул.Цар Самоил; Од 12:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул.Младинска во Порој – стара кожара до кружен тек (опш.Струмица);
- Од 09:00 до 10:00 часот, МО касарна ЈЕРЕБИНО, ГОЛДИ, ДЕЛФИ КОМЕРЦ, МЛИН ЖЕЛИНО, с.Желино, општина Желино, ф-ка Лион, Наплатна Рампа ТЕ-СК (кај с.Желино), нас.Деребој (кај отпадите на стариот пат ТЕ-СК), Рофикс, с.Сараќино, базен Олимпија, Сепарација Желино; Од 09:30 до 15:00 часот, објеките на влез во с.Добарце и дел од објкетите кон центарот на селото (опш.Тетово);
- Од 17:00 до 18:00 часот, корисниците од селата Кутретино, Суводол и Мургашево, АБ Солар со околните стопански и нестопански објекти (опш.Демир Хисар);
- Од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од ул.Петре Прличко и Лазо Осмаков и околија (опш.Велес);
- Од 10:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с.Лажани (опш.Прилеп).