Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека на ден 31.01.2018 година, без напојување со електрична енергија ќе останат:
- Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.Косовска, кон Антената и дел од Б 85 (опш.Штип);
- Од 13:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул.10 во с.Горно Соње (опш.Сопиште - Скопје);
- Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од Стар Дојран и Сретеново, вклучително граничниот премин Дојран, Хит Касино, Мрдаја и други (опш.Дојран);
- Од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од Драчево - дел од ул.14-та Бригада (опш.Кисела Вода - Скопје);
- Од 09:30 до 15:00 часот, корисниците од селата Милетино и Блаце (опш.Брвеница);
- Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул.Неврокопска и ул.Ениџе Вардарско (опш.Центар - Скопје);
- Од 07:00 до 08:00 часот, корисниците од фирмите Штиптекст, Кланица Андонови, фирма за производство на пластика Ристо Карталов, Зиго Шпед и објектите околу овие фирми (опш.Радовиш);
- Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул.Бидимаж – зградите (опш.Прилеп);
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Мурат Бафтијари (опш.Тетово);
- Од 10:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од ул.1513 и ул.Саса - 2 (опш.Кисела Вода - Скопје);
- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с.Првце, дел од с.Доброште кон с.Одри и с.Одри (опш.Тетово);
- Од 09:20 до 15:15 часот, корисниците од селата Крива Круша и Ново Село (опш.Чашка);
- Од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од улиците Македонска (Ѓоково Долче) и Вера Јоциќ (опш.Кратово)
Од ЕВН Македонија известуваат дека во Велешкиот регион, во опш.Неготино без електрична енергија се корисниците од селата Курија, Црвени Брегови, Криволак, Пепелиште и Кукуричани.
Поради дефект на електричната мрежа во Кумановскиот регион без електрична енергија останале корисниците од населените места Гушице и Лукаре. Исто така, во опш.Кратово без електрична енергија се корисниците од селата Врбица, Горно Кратово, Мушково, Каврак, Нежилово, Кнежево, Којково и Емирица како и објекти на ХЦ Злетовица.