ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа на ден 22.09.2018 година, без напојување со електрична енергија ќе останат:
- Од 09:15 до 14:00 часот, корисниците од селата Танушевци, Малино и Брест (опш.Чучер Сандево – Скопје);
- Од 07:30 до 15:30 часот, корисниците од централниот дел на Гевгелија, од Контихидропласт преку Булевар Гевгелија, Комунален сервис, кон Шумското, Аполонија до ул.М.Тито и Р.Фршинин, Серменинска Мала – околу затворот, населба Караорман, Градскиот пазар, се до Моински пат, улиците Р.Бојмајлиев, Ј.Јосифовски, Т.Камберов, Титиоградска, Сараевска, Загребачка и други, потоа од с.Богородица и корисниците кон граничниот премин Богородица – конзервна Пајдаков, пумпа Чаири, Казино Сенатор, Лукоил, ВУ дент и др., како и корисниците од селата Богданци, Стојаково, Ѓавото и Селемли, вклучително индустриските објекти меѓу Богданци и Гевгелија и Дојран – Бензинска Шимов, сервис Ампов, Оранжерии Трнка 1 и 2, Пумпа за вода комунално Богданци во Ѓавото, систем Спас за Дојран, Рибник Елита и др, с.Мрзенци – освен раскрсницата на влезот, Оранжерии Прдејци, фирма Блажо Ризов, Житопром, Сервис Тефтер, Оксија, Ледра и други (опш.Гевгелија);
- Од 09:00 до 17:00 часот, корисниците од Шипковачко Теќе и од селата Бозовце, Вешала, Вејце, Шипковица и Бродец (опш.Тетово).